15/06/2026
🚀 ПОГОН 2026 е зад нас, но инспирацијата, пријателствата и спомените што ги создадовме продолжуваат да живеат. Овие денови беа исполнети со учење, дружба, насмевки и моменти што долго ќе ги паметиме. Благодариме на сите што беа дел од оваа приказна и помогнаа таа да стане нешто навистина посебно. 💫
До нови средби, нови идеи и уште поголеми успеси. Се гледаме повторно следната година! ✨🚀
#УКЛО
12/06/2026
🚀 VR магија на ПОГОН 2026! Благодарение на Камаи и Ситеро, учесниците имаа можност да искусат нова димензија на технологијата.
#УКЛО #ПОГОН🚀
12/06/2026
🚀 Младите иноватори во акција!
💡Идеите добија своја сцена.
Дел од ученичките проекти претставени на саемот ПОГОН 2026.
#УКЛО #ПОГОН🚀
11/06/2026
🚀 На ПОГОН учењето не се случува само во училница. Преку интерактивни активности и забавни предизвици, децата истражуваа, размислуваа и учеа на поинаков начин.
09/06/2026
🚀 Саемот ПОГОН не би бил ист без поддршката од компаниите кои веруваат во младите и нивниот потенцијал.
Голема благодарност до компанијата Kromberg & Schubert за нивното учество и придонес на ПОГОН 2026, како и за доделените ваучери во вредност од 5.000 денари за најдобрите учесници. 🎉
Ваквите иницијативи покажуваат дека кога образованието и индустријата работат заедно, се создаваат нови можности за младите генерации.
Честитки до наградените ученици и нивните ментори за постигнатите резултати 👏
💡 Инвестицијата во младите денес е инвестиција во подобра иднина утре!
#УКЛО &SCHUBERT
07/06/2026
На ПОГОН создаваме спомени за цел живот!♥️
06/06/2026
🚀 Иднината започнува со љубопитност.
Од виртуелна реалност до иновативни ученички проекти, ПОГОН 2026 ги обединува науката, технологијата, инженерството, уметноста и математиката на едно место.
Денес во Битола ја славиме креативноста, знаењето и талентот на младите!
ПОГОН 2026 е во тек!
📍 СИЦ – УКЛО, Битола
⏰10-13 часот
Ве очекуваме!
#УКЛО
05/06/2026
Утре продолжува вториот ден од саемот ПОГОН 2026 🚀
Ве очекуваме во СИЦ – УКЛО со уште повеќе STEAM содржини, работилници, натпревари и презентации на ученички проекти.
📍 СИЦ – УКЛО (поранешна Касарна, зад „Аурум“)
🕙 10:00 – 13:00
Дојдете да бидете дел од инспиративната атмосфера и заеднички да го прославиме знаењето и креативноста на младите.
Ве очекуваме!
#УКЛО