12/04/2026
Едукативен центар Алгоритам плус
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Едукативен центар Алгоритам плус, Education, Ulica Vardarska br. 97 Radoviš, Radovis.
12/04/2026
23/01/2026
📌Старт на второто полугодие
📢Почитувани членови на Едукативниот центар Алгоритам Плус Ве известуваме дека продолжуваме со индивидуална и групна настава по информатика, математика, англиски јазик и изучување на програмски јазици по веќе утврдените термини со можност за приклучување во група и резервација на термини за индивидуална настава.
📌Продолжуваме посветено и одговорно во надградување на вашите знаења.
Инфо на тел:
078/247-082
Проф. Магдалена Коцева
Среќно!
Magdalena Koceva
Anica Boranieva-Atanasova
30/12/2025
✨ КРАЈ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА – НОВ ПОЧЕТОК НА ПАТЕКА ПОЛНА СО ЗНАЕЊЕ ✨
Во Едукативен центар Алгоритам Плус денес не затвораме само учебни тетратки – туку отвораме нови можности. Оваа година учевме информатика и ги отклучувавме тајните на технологијата, програмиравме и создававме сопствени светови од код, го збогативме англискиот речник за да мислиме пошироко, и ја градевме математиката како цврста основа за логика и успех.
Горди сме на секој чекор, секое прашање што водеше до одговор, секоја грешка што стана лекција и секој напредок – мал или голем. Нашите ученици не само што учеа, туку и растеа: во знаење, самодоверба и амбиција.
💡 Тука не завршува ништо – напротив, тука започнува нова верзија од нас.
Верзија поумна, посилна и поспремна за иднината.
Браво, драги ученици!
Честит крај на учебната година! Продолжете да истражувате, кодирајте храбро, мислете логично и сонувајте големо!
Со благодарност,
Едукативен центар Алгоритам Плус
28/10/2025
📌Научи математика
💡📚 Зошто е добро да знаеме математика?
👉 Затоа што математиката не е само бројки- таа нѐ учи да размислуваме логички, да решаваме проблеми и да не се откажуваме!💪
📌Научи да решаваш, размислуваш и уживаш во секоја задача.
Биди дел од нас и учи математика!
Можности за:
✅ Тековно совладување на училишен материјал
✅ Подготовка за тестови и писмени работи
✅ Индивидуална и групна работа
✅ Подготовка за натпревар
Инфо на тел: 078/247-082
Магдалена Коцева
26/09/2025
Учи информатика и забавувај се!
💡 Развиваj алгоритамско размислување
🖥️ Создавај сопствени компјутерски програми
🎨 Креирај дигитални проекти
🧠 Унапредувај логичко и критичко размислување
🤝 Работи во тим и споделувај идеи.
Забавно и интерактивно учење
Поддршка од искусен наставник
Развој на креативноста и дигиталните вештини
Подготвеност за идни предизвици во технологијата.
Тел:078/247-082
Проф. Магдалена Коцева
18/09/2025
🚀 Нови курсеви за деца и почетници!
📘 Microsoft Word
👉 Научи како правилно да пишуваш, форматираш и уредуваш документи.
👉 Креирање табели, листи, заглавија и подножја.
👉 Подготовка на професионални документи за училиште или работа.
💡 Small Basic – први чекори во програмирање
👉 Запознај се со основните команди и логика на програмирање.
👉 Изработи едноставни и креативни програми.
👉 Развивај логичко и алгоритамско размислување.
✨ Нашата цел е да ти помогнеме да стекнеш практични дигитални вештини и да се подготвиш за иднината!
💻 Обезбеден компјутер за секое дете
📍 Запиши се сега и обезбеди си место!
Проф. Магдалена Коцева
Тел: 078/247-082
16/09/2025
🌍 Англискиот – Јазикот на Иднината
Англискиот јазик е најраспространетиот јазик во светот. Познавањето на овој јазик уште од најрана возраст им овозможува на децата:
✅ Полесно и побрзо учење
✅ Подобро разбирање на светот околу нив
✅ Поголема самодоверба и комуникациски вештини
✅ Пристап до глобални знаења и содржини
✅ Посветла академска и професионална иднина
🎯 Нашите Цели:
👉Развивање на основни јазични вештини (слушање, зборување, читање и пишување) преку интерактивни и креативни активности.
Создавање љубов кон англискиот јазик уште од мали нозе, преку игра, песнички, приказни и дружба.
Градење на културна свест и отвореност кон различни народи и традиции.
Јакнење на самодовербата кај децата при користење на стран јазик во секојдневна комуникација.
Поттикнување на логичко и критичко размислување преку активности на англиски јазик.
🧒👧 За кого е наменето?
Секое дете кое сака да учи преку забава!
📌 Вклучете го вашето дете денес – подарете му предност за утре!
✅ Ослободени две места во групата за деца од 5 до 7 години
📞 Контакт: 078/247-082
📍 Локација: Едукативен центар Алгоритам плус
Ул. Вардарска бр. 97
Радовиш
📢 Учиме. Играме. Растеме – заедно.
12/09/2025
🤔 Сеуште размислувате за курсеви кои ќе му помогнат во понатамошниот развој на образованието на вашето дете и подигнување на неговта смодоверба, не размислувајте приклучете ни се и бидете дел од нашето големо семејство.
📌 Започнуваме на 15.09.2025год (понеделник)
👉Образованието и воспитанието е наша основна цел.
Едукативен центар Алгоритам плус нуди:
💻 Стекнување на основни компјутерски компетенции кај деца и млади.
🛑 Остнато уште 1 слободно место
⌨️Стекнување со напредни компетенции за работа со компјутер.
🛑 Останати уште 2 слободни места
🌐 Индивидуални и групни часови по Информатика.
🖱️ Индивидуални и групни часови за Програмирање.
🛑Пополнето
💻 Обезбеден компјутер за секое дете
📊 Индивидуални и групни часови по Математика.
🛑 Останати уште 2 слободни термини.
👩🏫 Индивидуални и групни часови по Англиски јазик.
📌 Почетна група за деца од 5 до 7 години за изучување на англискиот јазик уште од најрана возраст.
🛑 Останати уште 2 слободни места
✅ Можност за изучување на англискиот јазик преку игра од најрана возраст.
📌 Група за изучување на англискиот јазик втор степен
🛑 Пополнета
🎯 Одлична можност на Вашето дете да му пружите солидна основа на информатичко образование и англискиот јазик за да го подготвите за иднината што доаѓа.
👉Нека времето поминато со компјутер не биде само играње, YouTube и социјални мрежи – има многу повеќе квалитетни и интересни содржини што можат да му помогнат да си ја развие својата интелигенција, да ги поттикне своите таленти и да тргне кон патот на успехот.
Од основни компјутерски познавања за најмала возраст, па понатаму, совладување на пакетот Office програми, па се до курсевите за програмирање, преку палета на годишни практични и интересни курсеви.
👉Детето ќе добие компјутерско предзнаење што ќе му го олесни идното школување и професионално напредување.
👉Англискиот јазик ги отвара видиците кон светот и овозможива отворени можности за комуникација
❗ Уписите се во тек, бројот на места е ограничен❗
Информации и резервации на тел.
📱078/247-082
Професор: Магдалена Коцева
03/09/2025
👉Основна обука за програмирање за деца во Scratch.
📌 На оваа програма за Scratch може да се запишат деца на возраст од 8 години, кои немаат претходно искуство и предзнаења од програмирање.
🎯Првата обука за Scratch е воведна и подготвителна обука која има за цел да ги постави основите за работа со компјутер, да ја развие културата за креативно компјутерско работење, да ги воведе учениците во основите на логичкото и програмерско размислување, да ги запознае со основните програмерски концепти и основите на компјутерски дизајн.
🎯Оваа програма им помага на младите луѓе да ги изучуваат основите на програмирањето, логичкото размислување и креативна примена на изученото преку создавање на сопствени проекти.
🎯 На часовите со Scratch децата ќе програмираат свои интерактивни колажи, приказни, анимации и игри со верзија на Scratch 2.0.
❗ Уписите се во тек
👉 Можност за работа индивидуално и во мали групи.
🗓️ Детските курсеви траат 8 месеци. Часовите се двапати неделно по 60минути.
⏳ Стартуваме од 15.09.2025год.
✏️ Резервирајте место за вашето дете.
📍 Пружете му едно поинакво искористено слободно време.
📞 Информации и резервации на тел: 078/247-082
Професор Магдалена Коцева
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Contact the school
Telephone
Website
Address
Radovis
2420