JUDO CLUB Prespa-Resen

JUDO CLUB Prespa-Resen

Share

Тренери:
Александар Фузевски
Борче Недановски

Photos from JUDO CLUB Prespa-Resen's post 14/06/2026

🥋 Одличен настап на ЏК “Преспа“ на „Струга Опен“!
Изминатиов викенд, во текот на два натпреварувачки дена, се одржа меѓународниот џудо турнир „Струга Опен“. Нашите џудистки покажаа огромна борбеност и се вратија дома со 5 медали! 🏆
Под водство на тренерите Борче и Александар, младите спортски надежи ги постигнаа следните резултати:
🥈 Марина Василевска – сребро
🥈 Дариа Фузевска – сребро
🥉 Кристина Гошевска – бронза
🥉 Марија Китевска – бронза
🥉 Илиана Милошевска – бронза
Честитки за девојките и тренерскиот тим и останатите џудисти кои не успеа да се закитат со медал за одличниот резултат и достојното претставување на клубот! Само напред! 💪✨

Photos from JUDO CLUB Prespa-Resen's post 04/06/2026

НАШИТЕ МЛАДИ ЏУДИСТИ НА БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ВО БИТОЛА! 🇲🇰
Овој викенд (6-7 јуни), Битола е домаќин на Балканското првенство за помлади пионери. Нашите натпреварувачи се подготвени да ги бранат боите на клубот и на Македонија!
На татамито ќе настапат:
Кристијан Максовиќ
Марина Василевска
Марија Гошевска
По успешните подготовки, им посакуваме среќа, силни борби и пласман на победничкиот трон! Среќно дечки, целиот клуб е со вас! 💪🏆

Photos from JUDO CLUB Prespa-Resen's post 16/05/2026

Одличен настап на ЏК „Преспа“ на меѓународниот турнир „Skopje Open Judo“
Џудо клубот „Преспа“ забележа голем успех на силниот меѓународен турнир „Skopje Open Judo“, каде нашите натпреварувачи, предводени од тренерите Борче и Александар, освоија вкупно 5 медали.
Еве ги постигнатите резултати:
Категорија: Помлади пионери
• Марина Василевска 🥇 (Златен медал)
• Кристијан Максовиќ 🥉 (Бронзен медал)
• Марија Гошевска (забележа одличен настап и беше поразена во борбата за трето место)
Категорија: Кадети
• Марија Ангелова 🥇 (Златен медал)
• Ангел Радевски 🥈 (Сребрен медал)
• Кристина Гошевска 🥉 (Бронзен медал)
• Тамара Котларовска (за малку го испушти подиумот по пораз во борбата за трето место)
Упатуваме искрени честитки до сите натпреварувачи за покажаната борбеност, како и до стручниот штаб за одличното водство. Клубот продолжува со напорна работа во подготовка за следните предизвици.

10/05/2026

🥋 ЗАВРШНИ ПОДГОТОВКИ И ПОСЛЕДЕН ФИЛТЕР ПРЕД БАЛКАНСКОТО ПРВЕНСТВО!
Во Струга успешно се реализираа подготовките за помлади пионери, кои послужија како последен филтер и финална проверка на формата пред претстојното Балканско првенство.
Настанот беше реализиран со целосна поддршка од страна на Џудо федерацијата на Македонија, под стручно водство на селекторот Марин Билјаноски и со одлична техничка поддршка од ЏК „Дрим“ од Струга.
Нашиот клуб, ЏК „Преспа“, на овие подготовки беше претставен од:
⭐ Кристијан Максовиќ
⭐ Марина Василевска
⭐ Марија Гошевска

Photos from JUDO CLUB Prespa-Resen's post 09/05/2026

🏆 СТОПРОЦЕНТЕН УЧИНОК ВО ГРЦИЈА: ДВЕ ЗЛАТА ЗА „ЏУДО КЛУБ ПРЕСПА“!
На меѓународниот џудо турнир кој се одржа во Аминдео, Грција, тимот на Џудо клуб „Преспа“ уште еднаш ја потврди својата доминација и врвна форма. Со настап на две натпреварувачки, нашиот клуб успеа да се врати дома со два златни медали.
🥇 Нашите шампионки:
Без ниту еден пораз и со супериорни борби на татамито, до највисоките одличја стигнаа:
• ✨ Марија Китевска – Златен медал
• ✨ Марија Ангелова – Златен медал
🥋 Под водство на стручниот тим
Овој голем успех е резултат на макотрпната работа и одличната стратегија на нашите тренери, Борче и Александар, кои максимално ги подготвија девојките за предизвиците на меѓународната сцена.
Овој резултат од „2 од 2“ е мотив плус за целиот клуб и доказ дека во Ресен се работи со вистински шампионски карактер. Честитки до нашите Марија и Марија, како и до тренерскиот тандем за одличното претставување!
Продолжуваме со силно темпо кон следните предизвици! 🥋💪🇲🇰

08/05/2026

Нашиот истакнат член и репрезентативец, Ангел Радевски, овој викенд ќе земе учество на Балканското првенство за кадети што се одржува во Будва, Црна Гора. Како дел од силната конкуренција на најдобрите џудисти од целиот Балкан, Радевски ќе ги претстави боите на нашиот клуб и на државата.
Учесниците на овој престижен турнир се врвни спортисти во својата категорија, а ние сме уверени дека Ангел, со својата досегашна подготовка, дисциплина и прикажани резултати, е целосно подготвен за претстојните предизвици на татамито. Му посакуваме успешни борби, спортска среќа и постигнување на зацртаните цели.

Photos from JUDO CLUB Prespa-Resen's post 25/04/2026

Џудо клуб Преспа продолжува со низата успеси во категоријата помлади сениори. Големи честитки до Тамара Котларовска и Кристина Гошевска за освоените трети места и бронзени одличја! 🥉
Благодарност до сите кои нè поддржуваат на овој пат. Секој паѓање е лекција, а секој медал е мотив за повеќе! 🇲🇰
#ЏудоКлубПреспа #МакедонскоЏудо #Ресен #Преспа #ТимскаРабота

18/04/2026

🥋 НАШИТЕ КАДЕТИ НА ПОДГОТОВКИ ВО СКОПЈЕ! 🇲🇰
Денес во Скопје, дел од кадетскиот тим на ЏК ПРЕСПА учествува на еднодневни подготовки за потенцијални репрезентативци на Македонија.
На овие еднодневни тренинзи учествуваа нашите џудисти.
🔹 Ангел Радевски
🔹 Кристина Гошевска
🔹 Марија Ангелова
🔹 Тамара Котларовска
Горди сме на нашите млади борци кои со голем труд и дисциплина чекорат кон националниот тим .
#ЏКПреспа #Џудо #Ресен

12/04/2026

Џудо клуб „Преспа“ ви го честита најголемиот христијански празник, Велигден. Како што џудото не учи на дисциплина и истрајност, така и овој празник нека биде поттик за нови почетоци и верба во подобро утре.
Нека светлината на Воскресението донесе здравје во вашите семејства и успех.
Христос Воскресе - Навистина Воскресе!

Photos from JUDO CLUB Prespa-Resen's post 29/03/2026

Денес Џудо клуб Преспа учествуваше на Државното првенство за сениори и пионери, каде што нашите натпреварувачи повторно покажаа одлична форма, борбеност и спортски дух.

Кај пионерите, најголем успех постигнаа освојувачите на златен медал 🥇 Марија Китевска и Марија Ангелова. Со сребрен медал 🥈 се закити Марина Василевска, додека бронзениот медал 🥉 го освои Кристијан Максовиќ.

Во категоријата сениори, Кристина Гошевска освои бронзен медал 🥉 и уште еднаш го потврди својот квалитет.

Фатих Крцковски, Тамара Котларовска и Марија Гошевска прикажаа одлични борби и голема желба за победа, но за жал застанаа на чекор до медал.

Горди сме на сите наши натпреварувачи – ова е уште еден доказ дека Џудо клуб Преспа чекори по вистинскиот пат! 💪🥋
Нашите џудисти беа предводени од тренерите Александар и Борче.

Want your school to be the top-listed School/college in Resen?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Website

Address

Ou Goce Delcev
Resen
7310

Opening Hours

Monday 17:00 - 19:00
Tuesday 17:00 - 19:00
Wednesday 17:00 - 19:00
Friday 17:00 - 19:00