СУГС Раде Јовчевски - Корчагин

СУГС Раде Јовчевски - Корчагин

Share

Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from СУГС Раде Јовчевски - Корчагин, High School, Улица “Трета македонска ударна бригада” број 9, Skopje.

Photos from СУГС Раде Јовчевски - Корчагин's post 21/04/2026

Денес претставници од МВР одржаа едукативна средба со матурантите за безбедно одбележување на матурската вечер 🎓

Апел до сите: славењето нека биде со радост, но и со одговорност.
🚫 Без управување возило под дејство на алкохол
🚫 Без ризично однесување

Да ја прославиме матурата безбедно и достоинствено 💙

Photos from СУГС Раде Јовчевски - Корчагин's post 20/04/2026

На 17.04.2026 година во нашето училиште се одржа интерниот натпревар Future Business Challenge 2026 🚀 Настанот беше организиран од Високообразовната установа Хајделберг Скопје при Универзитетот Провадис Франкфурт, каде учениците имаа можност да ги покажат своите бизнис идеи, креативност и тимска работа.

Тимовите работеа на следните предизвици:
• Challenge 1 – Build the Bank of the Future (партнер: НЛБ Банка АД Скопје)
• Challenge 2 – Launch a Brand in 24 Hours (партнер: Element PR)
• Challenge 3 – Startup Challenge

Победничкиот тим: Ана Пеовска, Јована Трошанска, Марио Крстевски и Александар Ацески од 3-6 клас, ќе продолжи во финалето! 👏

Честитки до сите учесници за одличната работа, иновативноста и вложениот труд! 💡✨

Photos from СУГС Раде Јовчевски - Корчагин's post 18/04/2026

На 2 април 2026 година, се одржа настанот „Вкусовите на франкофонијата“ посветен на франкофонската кујна во организација на м-р Анита Иванова и на м-р Анита Кузманоска.

Настанот опфати презентација и дегустација на јадења инспирирани од франкофонските земји, подготвени од ученици од средни училишта и од студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Учениците од нашата гимназија од билингвалните паралелки беа дел од настанот придружени со професорката Билјана Димовска.

Photos from СУГС Раде Јовчевски - Корчагин's post 17/04/2026

Како и секоја година така и овогодинешниот семинар „Experiential Learning: Motivate, Mediate, Cultivate“ беше едно исклучително инспиративно и практично искуство. Настанот совршено ги спои теоријата и практиката – нешто што навистина ни е потребно во секојдневната настава. Сесиите не беа само теоретски – секој дел беше проследен со интеракција, примери и реални сценарија - идеи веднаш применливи во настава.

✔️ Нови стратегии за развој на вештини кај учениците во 21-от век
✔️ Конкретни идеи за воведување на playful learning, особено во работа со помлади ученици
✔️ Подлабоко разбирање за улогата на медијацијата во наставата и како да се надминат комуникациските бариери
✔️ Практични активности и игри кои веднаш можат да се применат во училница

Нашите професорки Маја Христова, Јана Миладинова и Марина Пешовска ја искористија оваа можност за вмрежување со колеги од различни училишта и институции – а секако размената на искуства беше подеднакво корисна како и самите предавања. 

Благодарност до

#ПрофесионаленРазвој #ИскуственоУчење

Photos from СУГС Раде Јовчевски - Корчагин's post 16/04/2026

Денес во средното училиште "Кочо Рацин" во Ѓорче, под покровителство на градот Скопје и федерацијата на училишен спорт на Р.Македонија беше доделувањето на наградите на шампионите во колективни спортови (фудбал, ракомет, одбојка и кошарка), на ниво на град Скопје. Нашите Корчагинци под менторство на професорот Јован Шапе, повторно го освоија пехарот и првото место во одбојка мажи. Како првопласирани во град Скопје,се пласиравме на државно првенство. Да се множат 💪🏐❤️

Photos from СУГС Раде Јовчевски - Корчагин's post 14/04/2026

Нашето училиште има чест да биде домаќин на тројца ученици и двајца професори од училиштето IES Hiponova од Монтефрио (Гранада), Шпанија.

Заедно со нашите ученици Јасен Ѓорѓински од I-8, Даријан Блажевски и Александар Цветковски од II-8, тие реализираат проектни активности од Еразмус+, поттикнувајќи соработка, размена на идеи и пријателство.

Во рамките на денешните активности, заеднички засадија повеќе саксиски цвеќиња и две јапонски цреши во училишниот двор, оставајќи траен белег на ова убаво дружење. 🌸🌱

Photos from СУГС Раде Јовчевски - Корчагин's post 08/04/2026

Нашите ученици Ема Котевска и Тео Божинов, заедно со професорката Симона Јовевска, трета година по ред учествуваат на настанот „Тука сме, заедно сме, а можеме повеќе“, организиран од Арт секцијата при ДСУ „Св. Наум Охридски“ – Скопје.

Со своето присуство и ангажман, тие придонесуваат за ширење на порака за заедништво, инклузија и креативно изразување. Настанот претставува одлична можност за учениците да ги покажат своите таленти, да стекнат нови искуства и да изградат пријателства во духот на соработката и меѓусебната поддршка.

Photos from СУГС Раде Јовчевски - Корчагин's post 08/04/2026

Посета на Отворен ден на МИТ Универзитет на 4.4.2026 год. Ниту дождливиот ден од викендот не поколеба неколку наши ученици да присуствуваат на пријатна информативна презентација, запознавање со условите за запишување, а потоа и да учествуваат на работилница за кариерно советување на факултетот за психологија. Интересен пристап за учениците ...

Photos from СУГС Раде Јовчевски - Корчагин's post 07/04/2026

Со гордост го споделуваме успехот на нашето училиште СУГС Гимназија „Раде Јовчевски - Корчагин“ 🎉

На 7.04.2026 година учествувавме на регионалниот натпревар на најдобри ученички компании, во организација на Џуниор Ачивмент Македонија, каде што нашите ученици постигнаа одличен резултат и обезбедија пласман во финале! 👏

Учесници:
• Матеј Настески (2-2)
• Калин Петрушевски (1-3)
• Симон Стевковски (1-6)

Под менторство на професорката Лидија Стојчева.

Честитки за вложениот труд, креативноста и успехот! Ви посакуваме многу среќа во финалето – продолжете да не правите горди! ✨

Photos from СУГС Раде Јовчевски - Корчагин's post 07/04/2026

Вчера во нашето училиште се одржа информативна презентација на Воената академија "Генерал Михаило Апостолски" од Скопје.
Учениците имаа можност да се запознаат со условите за упис, процесот на селекција на кандидатите, студиските програми кои се нудат, теорија и практична обука. Нашите матуранти беа запознаени и со кариерни патеки и можностите како идни офицери во Армијата.
На крај, учениците добија детални одговори на поставените прашања.

#кариерносоветувањеРЈК

Photos from СУГС Раде Јовчевски - Корчагин's post 06/04/2026

Презентација во ООУ ,,Тихомир Милошевски” и ООУ ,,Страшо Пинџур”

Photos from СУГС Раде Јовчевски - Корчагин's post 06/04/2026

На 4 април 2026 година, во Скопје, во салата „Киноверзум“ – Кисела Вода, се одржа четвртото издание од натпреварот по изразно читање на француски јазик.

Со особена радост ги споделуваме успесите на нашите ученици:

🥇 Бела Дамјановиќ – 1 место (билингвални франкофонски паралелки)
🥈 Илин Санта – 2 место (билингвални франкофонски паралелки)
🥈 Михаела Димчова – 2 место (класични паралелки)
🥉 Марко Марковски – 3 место (класични паралелки)

Посебна пофалба и благодарност до ученичката Ема Котевска (билингвални франкофонски паралелки) која се претстави со сопствено напишана поема и даде свој уникатен придонес на овој настан.

Голема пофалба и благодарност до професорката Билјана Димовска која со својата посветеност постојано инспирира и мотивира, оставајќи силен печат врз успехот и развојот на учениците.

Искрени честитки за сите!!!

Want your school to be the top-listed School/college in Skopje?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Address


Улица “Трета македонска ударна бригада” број 9
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:00 - 19:15
Tuesday 07:30 - 19:15
Wednesday 07:30 - 19:15
Thursday 07:30 - 19:15
Friday 07:30 - 19:15