08/06/2026
Секоја приказна, игра и песна му помага на вашето дете да учи, да се поврзува со другите и да гради самодоверба.
Играта не мора да биде комплицирана, ниту пак да трае долго - важно е да бидете присутни.
Токму во тие мали моменти се градат доверба, блискост и убави спомени.
05/06/2026
💧Оваа активност за изработка на турбина цевка е одлична за учење низ игра со поголеми деца.
Додека ја правите заедно, разговарајте за природните богатства, важноста од нивната заштита и за тоа како водата може да се искористи за добивање електрична енергија 🌍
📑 Повеќе насоки за оваа активност, како и други идеи можете да најдете во прирачникот https://unicef.link/4dO4dTF
Прирачник на албански јазик: https://unicef.link/3RN3qd3
Материјалите се достапни на веб страницата на Биро за развој на образованието.
Министерство за енергетика рударство и минерални суровини Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH Министерство за образование и наука/Ministria e Arsimit dhe e Shkencës UN_MK
#СветскиДенНаЖивотнатаСредина
Природни богатства и нивна заштита Обновливи ресурси - Турбина цевки
Ова видео е подготвено од страна на Бирото за развој на образование...
05/06/2026
🌱 По повод Светскиот ден на животната средина, ве покануваме на мала креативна авантура со вашето дете!
Со изработка на оваа хартиена ветерница ќе му помогнете на детето да открие како 🌬️ ветрот создава енергија, преку игра да поттикнете грижа за природата и љубопитност за светот што нè опкружува.
📑 Повеќе насоки за оваа активност, како и други идеи можете да најдете во прирачникот https://unicef.link/3Q4vvMl
Прирачник на албански јазик: https://unicef.link/4ubK5zF
Активноста е наменета за деца од предучилишна возраст. Материјалите се достапни на веб страницата на Биро за развој на образованието.
Министерство за енергетика рударство и минерални суровини Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH Министерство за образование и наука/Ministria e Arsimit dhe e Shkencës UN_MK
#СветскиДенНаЖивотнатаСредина
Одржлив развој - Енергијата на ветерот – ветерница
Ова видео е подготвено од страна на Бирото за развој на образование...
04/06/2026
Oдржливата иднина започнува со знаењето и вештините што младите ги стекнуваат денес🌱
Во пресрет на 🌎 Меѓународниот ден на животната средина, го одбележуваме 🤝 заедничкото партнерството со Nelt Group и Центарот за развој на стручно образование и досегашните резултати:
👩🏫 145 ментори од 40 институции се обучени за да им овозможат на средношколците практично учење и развој на зелени вештини и климатско знаење.
🔬 Над 300 ученици веќе имаа можност за практична настава и практикантство во јавни и приватни претпријатија низ земјата.
📚 Во 14 задолжителни наставни програми се интегрирани содржини за климатските промени и одржливите практики, кои во учебната 2025/2026 година ги следеа над 7.000 ученици.
💡 Заедничка мисија: да ги подготвиме младите за кариера во природните науки, еколошката одржливост и ублажувањето на климатските промени, истовремено унапредувајќи го стручното образование согласно барањата на современото општество и динамичниот пазар на труд.
Csoo / QAPT / VETC
01/06/2026
📣 Ученичките правобранители можат да бидат силен глас за правата на своите врсници – кога ја имаат потребната поддршка и знаење.
Eден од тимовите во рамките на младинското движење #НетБезХејт на средба со претставници од канцеларијата на Народниот правобранител. 🏫 Разговараа за улогата на ученичките правобранители во справување со предизвиците со кои се соочуваат нивните врсници, вклучително и сајбер булингот.
✨На средбата беше истакната потребата од воспоставување и промовирање на оваа улога во сите училишта, како и за можностите за организирање обуки за ученичките правобранители, со цел децата подобро да ги познаваат и остваруваат своите права.
Еден чекор поблиску до иницијатива создадена заедно со децата 🤝
Народен Правобранител / Avokati I Popullit Telekom MK Фондација Телеком за Македонија
29/05/2026
Што има за јадење кога децата се на училиште? 🍽️ 🏫
Првата национална проценка на нутритивните средини во училиштата укажува на слична состојба во сите училишни средини: кога и да побара детето храна на училиште, нездравата опција е секогаш тука, а здравата честопати ја нема 🥗🍎.
- Во училиштата каде што се продава храна во продавница или преку автомати (20%), достапни се само нездрави опции.
- Речиси сите училишта (98%) им дозволуваат на учениците да купуваат храна од околните продавници за време на големиот одмор, каде што ултрапреработена храна богати со масти, шеќер и сол и засладените пијалаци се широко достапни и агресивно се рекламираат. ❌🍫🍕
-Во училиштата што нудат оброци (35%), солените или слатките грицки 🍪🥨 често застапени како ужинка.
✅Во проценката, спроведена во соработка со Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, со поддршка од УНИЦЕФ, се посочуваат 10 клучни препораки за зајакнување на политиките.
Дознајте повеќе на линкот во коментар. ⬇️
#ШтоИмаЗаЈадење
Министерство за образование и наука/Ministria e Arsimit dhe e Shkencës Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë Институт за јавно здравје на Република с. Македонија