Најискрените одговори доаѓаат од детските срца!
По повод Денот на татковците, ги прашавме нашите дечиња неколку едноставни, но многу важни прашања:
👨 „Како се вика тато?“
🤗 „Што најмногу сакаш да правиш со тато?“
❤️ „Зошто го сакаш тато?“
А одговорите? Преслатки, искрени и полни со љубов! 🥰
Ова видео е полно со детска љубов, насмевки и најубавите зборови за татковците - нашите секојдневни херои. ✨
Среќен ден на татковците на сите прекрасни татковци! 💙🏅🦸♂️
Matrix Daycare Centre
Coming soon... ⏳
📍Тетово
18/06/2026
🦸♂️🏅 За секое дете, неговиот тато е вистински суперхерој!
Денес подготвуваме специјални медали за нашите татковци и ги украсуваме со многу бои, детали и љубов. 💙✨
На секој медал гордо стои пораката:
„Тато, ти си мојот суперхерој!“ 🦸♂️
Преку оваа креативна активност ги развиваме моторичките вештини, креативноста и учиме колку е важно да им покажуваме благодарност и љубов на луѓето што ги сакаме. 🥰
18/06/2026
👨👧👦❤️ Славиме една многу посебна личност - ТАТО!
Со мали рачиња и многу љубов, оставаме отпечаток на нашите платна и создаваме спомен што ќе остане засекогаш. ✋🎨
„Овие рачиња го чуваат твоето срце, ТАТО“ 💙
Секој отпечаток е потсетник на прегратките, игрите, поддршката и безусловната љубов што татковците им ја даваат на своите деца секој ден.
Малите рачиња растат брзо, но љубовта кон тато останува засекогаш. 🥰✨
15/06/2026
Пеперутките се едни од најнежните и најшарените суштества во природата. Со своите крилја носат боја, радост и убавина каде и да летаат. 🌸
Нашите мали уметници ги украсуваат крилјата со шарени листови и создаваат уникатни пеперутки, секоја различна и посебна - исто како и дечињата што ги направија. ✨
Подготвени сме да ги рашириме крилјата и да полетаме во една шарена авантура! 🦋💛
04/06/2026
🐬🌊 Нашиот океан оживеа!
Ги додаваме морските животни во нашето „море“ и внимателно ги сместуваме во нивниот дом. Рибите пливаат меѓу брановите, октоподите се кријат, а морските ѕвезди го украсуваат морското дно. 🐠⭐
Преку игра и креативност учиме дека секое животно има свое место во природата и дека треба да ги чуваме морињата и океаните чисти. 🌍💙
Колку прекрасен, шарен и живописен морски свет создадовме денес! 🌊✨🐙
04/06/2026
🎨🌊 Време е за нашата морска авантура!
Со многу бои, фантазија и креативност создаваме свој мал океан. На морето со бранови додаваме риби, морски ѕвезди, октоподи и други жители на морските длабочини.
Додека лепиме и украсуваме, ги развиваме фината моторика, концентрацијата и креативното изразување. 🐠✨
Секое детенце создаде свој уникатен морски свет, полн со бои и интересни морски пријатели. 💙
02/06/2026
02/06/2026
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Contact the school
Telephone
Website
Address
Ulica 141 Br. 5
Tetovo
Opening Hours
| Monday | 07:00 - 21:00 |
| Tuesday | 07:00 - 21:00 |
| Wednesday | 07:00 - 21:00 |
| Thursday | 07:00 - 21:00 |
| Friday | 07:00 - 21:00 |